Дел Потро стави крај на серијата од шест последователни победи на Опелка (видео)

Хуан Мартин дел Потро се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Делреј Бич (САД) со награден фонд од 582.550 долари.

 

Аргентинецот, кој е лидер во главната шема, го победи претставникот на домаќините Рајли Опелка со 6:4, 6:4 за 74 минути.

 

Дел Потро, шампион на турнирот од 2011 година, ги пропушти последните четири месеци поради повреда на десното колено. Тој не допушти ниту една можност за брејк и победи насервис на противникот по еднаш во секој сет.

 

Во меч за место во полуфиналето Аргентинецот ќе игра против Мекензи МекДоналд (САД), кој го елиминира Гиљермо Гарсија-Лопез (Шпанија) со 7:5, 6:4.

 

Број 4 во шемата, Стив Џонсон (САД) се справи со Паоло Лоренцо (Италија) со 7:5, 7:5 и во четвртфиналето ќе игра против Раду Албот (Молдавија), кој го отстрани Ник Кириос (Австралија) со 6:2, 3:6, 6:3 за 84 минути игра.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.