Ваучер системот на дневен ред на состанокот на одборот на прволигаши

На состанокот на одборот на прволигаши кој се одржа денеска во ФФМ единствена точка на дневен ред беше законот за донации во спорт и ваучер систем.

 

Покрај претставниците на клубовите на состанокот беа присутни и в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, генералниот секретар Филип Поповкси, како и претставникот на владата Даниел Димевски. На покана на одборот на прволигаши, како гости исто така беа присутни и екипи, претставници од Втора МФЛ.

 

– На средбата, претставникот на владата го објасни системот за доделување на ваучери од страна на државата на средствата во висина од 6.000.000 евра за сите спортови. Констатацијата на клубовите беше дека критериумите кои се бараат во правилникот изготвен од Агенцијата за Млади и Спорт се премногу високи за фудбалските екипи. Тие исто така забележаа дека сумата за распределба која следува на фудбалските екипи е премала. В.д Претседателот на ФФМ Муамед Сејдини потенцираше дека ќе го подржи секое барање на екипите на Прва и Втора МФЛ.

 

На крајот на средбата беше договорено да се изготви барање заедно со ФФМ и на некој начин доколку е можно да се издејствува во иднина  промена на критериумите за доделување на ваучери прилагодени на специфичностите на фудбалот, независно од другите спортови. Беше договорено подготовката на ваквото барање да се разгледува на следната средба закажана за петок, 01.03.2019 година во Фудбалската Федерација на Македонија, објавено е на веб-страницата на Фудбалската федерација на Македонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.