УЕФА отвори дисциплинска постапка против Лацио за расизам на натпреварот со Севиља

Европската фудбалска федерација ќе го испита расистичкото однесување на играчите на Лацио во вториот натпревар од 1/16 финалето на Лигата на Европа со Севиља (0:2), објави официјалниот сајт на организацијата.

 

Забележано е дека случајот ќе биде поднесен на разгледување на состанокот на Комитетот за етика на УЕФА, кој ќе се одржи на 28 март.

 

Севиља стигна до 1/8 финалето од второто по квалитет фудбалско натпреварување во Европа, каде што ќе се сретне со Славија од Чешка.

 

Натпреварите со тимот од Прага ќе се одржат на 7 и 14 март, прва на домашен терен ќе игра Севиља





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.