Бенчиќ против Квитова за трофејот во Дубаи

Петра Квитова од Чешка и Белинда Бенчиќ од Швајцарија ќе играат во финалето на ВТА турнирот во Дубаи, ОАЕ.

 

Ова е епилогот по денешните полуфинални мечеви во кои Квитова ја совлада Су-Веи Кси од Тајван, додека Бенчиќ беше поуспешна од Елина Свитолина од Украина.

 

Резултатот на двата меча беше 2:1. Финалето е закажано за утре со почеток во 16 часот.

 

ВТА турнирот во Обединетите Арапски Емирати се игра з анаграден фонд од 2,5 милиони долари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.