Солскјер пред Ливерпул: Сакам да го видам Манчестер во подобро издание од средбата со ПСЖ

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер ги искажа своите очекувања за претстојниот натпревар од 27. коло во англиското првенство против Ливерпул.

 

– Ова е важен натпревар за нив, ова е важен натпревар и за нас. Сакаме да влеземе во топ 4. Играме со Ливерпул и знаеме колку е значаен овој меч за сите во клубот и за навивачите. Знаеме дека не очекува тежок натпревар.

 

- Тие играат неверојатно оваа сезона. Но, тие знаат дека играњето на „Олд Трафорд" е тешко. Сакам да играме подобро од средбата со ПСЖ. Треба да се извлечеме поуки од тој пораз и да останеме фокусирани во текот на целиот натпревар, изјави предводникот на Јунајтед.

 

Дербито е закажано за в недела со почеток во 15 часот и 5 минути.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.