Реал и ЦСКА се квалификуваа за плејофот на Евролигата

Три екипи обезбедија своето учество во плејофот на кошаркарската Евролига по 23-тиот круг. Реал Мадрид и ЦСКА Москва се приклучија на лидерот Фенербахче во елиминациската фаза на турнирот.

Реал Мадрид го победи Баерн Минхен со 91:78 и запиша 18-ти успех сезонава. Тимот е втор во пласманот со ист број поени со третата ЦСКА Москва.

 

Серхио Љул постигна 15 поени и 7 асистенции за Реал Мадрид. Ентони Рандолф, Џеси Керол и Габриел Дек завршија со 13 поени. Данило Бартел беше најдобар за Баерн Минхен со 14 поени и 5 скока.

 

Лидерот Фенербахче го освои турското дерби против Дарушафака со 97:75 и ја запиша 20-тата победа од почетокот на сезоната. Боби Диксон и Марко Гудуриќ завршија со по 16 поени за Фенербахче, Никола Калиниќ додаде 15.

 

Мајкл Ерик беше најпрецизен за Дарушафака со 14 поени и 6 скока, а Занис Пејнерс постигна 13.

 

Резултати од Евролига, 23 коло:

Дарушафака (Турција) – Фенербахче (Турција) – 75:97
Жалгирис (Литванија) – Будучност (Црна Гора) – 84:76
Панатинаикос (Грција) – Химки (Русија) – 94:85
Реал Мадрид (Шпанија) – Баерн Минхен (Германија) – 91:78

 

На табелата води Фенербахче со 20 победи и 3 порази, пред Реал Мадрид со 18-5, ЦСКА Москва со 18-5, Анадолу Ефес со 15-8, Барселона со 14-9, Армани Милано со 12-11, Олимпијакос со 12- 11 итн.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.