Овермарс му откажа на Арсенал

Марк Овермарс го продолжи договорот како спортски директор на холандски Ајакс за нови пет години.

 

Тоа стави крај на шпекулациите дека 45-годишниот поранешен репрезентативец на Холандија може да ја заземе истата улога во Арсенал.

 

Лондонскиот тим добија второ откажување во рок од неколку дена за таа позиција, откако Мончи реши да се врати во Севиља.

 

Овермарс играше во Ајакс во периодот помеѓу 1992 и 1997 година, откако освои девет трофеи за тој период. Тој почна да работи во управувачките структури на клубот во 2012 година, а според неговиот нов договор ќе продолжи до најмалку 2024 година.

 

- Сакам да работам во Ајакс, бидејќи тоа е предизвик, имам многу незавршена работа тука, рече Овермарс за официјалната веб-страница на тимот од Амстердам.

 

Ајакс го направи најголемото изненадување во Лигата на шампионите по отстранувањето на Реал Мадрид, откако загуби 0:2 дома и победи со 4:1 во Мадрид.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.