Варан сака да го напушти Реал Мадрид

Францускиот дефанзивец Рафаел Варан сака да го напушти Реал Мадрид во потрага по нови предизвици, тврди „Екип".

 

Поранешниот фудбалер на Ленс беше донесен на „Сантијаго Бернабеу" во 2011 година по препорака лично од актуелниот тренер на тимот Зинедин Зидан и меѓу двајцата има голема доверба.

 

Затоа изгледа чудно неговата желба да си замине токму сега, кога неговиот патрон се врати на „Бернабеу".

 

Според изданието, станува желба за промена на средината. За овие осум години во Реал Мадрид Варан освои сè – три трофеи во Лигата на Шампионите, две титули на Шпанија, Купот на земјата, Суперкупот на Шпанија и Европа, четири светски клупски титули, а во текот на летото на минатата година стана и светски шампион со Франција во Русија.

 

И сето тоа само на 25 години (Варај ќе наполни 26 во април). Договорот на Варан со Реал е за уште три сезони и неговото заминување ќе се случи само по плаќање на сериозна трансферна сума која според „Трансфермаркт" е 80 милиони евра.

 

Италијанските медиуми веќе објавија интерес од страна на Јувентус.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.