МЗТ поведе против Спарс во полуфиналето на АБА-2 лигата (видео)

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром поведоа со 1-0 во полуфиналната плејоф-серија во АБА-2, откако вчеравечер како гости го совладаа тимот на Спарс со 70-71 (42-27).

 

„Металците" одиграа одлично второ полувреме во кое на стартот имаа негатива од -17 поени, но на крајот успеаја да дојдат до посакуваната победа.

 

Лестер Медфорд беше јунакот на вечерта со кош на една секунда до крајот за целосен резултатски пресврт и голема победа на македонскиот претставник во регионалната кошаркарска лига.

 

Кај нашиот тим, освен јунакот Медфорд, Симоновски и Иванов постигнаа по 13 поени, додека Самарџиски средбата ја заврши со 12 поени и 11 скока.

 

Реванш-средбата е закажана за в недела во „Јане Сандански" со почеток во 17 часот.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.