Македонија со победа ги почна квалификациите за ЕП 2020

Македонија ја порази Летонија со 3:1 во натпревар од групата „Г" за квалификациите за ЕП 2020.

 

Средбата на Градскиот стадион во Скопје ќе се запамети по фактот дека тоа беше 100-тиот меч во националниот дрес на легендата Горан Пандев. „Жолто-црвените" отворија во 11-тата минута по гол на Езѓан Алиоски по асистенција на Пандев.

 

Во 29-тата минута, Елиф Елмас, кој влезе како резерва, го удвои водството, откако ја искористи грешката во одбраната на гостите.

 

До крајот Пандев, Хасани и Несторовски пропуштија да реализираат, па резултатот се задржа до полувремето.

 

По паузата настапи пад во играта на тимот на Игор Ангеловски кои дозволија гол во 87-та минута преку Вјачеслав Исаевс.

 

Само три минути подоцна, сепак, Елмас ги оформи конечните 3:1, а гостите завршија со играч помалку по вториот жолт картон на Андреис Сиганикс.

 

Во друг натпревар од групата, одигран во исто време, Израел и Словенија не се победија, откако одиграа 1:1 на стадионот „Сами Офер".

 

Во големото дерби на групата пак, Австрија загуби дома со 0:1 од Полска.

 

Во следното коло на 24 март играат Словенија – Македонија, Израел – Австрија и Полска – Латвија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.