Голден Стејт и Денвер ја продолжуваат битката за врвот на Западот (видео)

Голден Стејт и Денвер ја продолжуваат битката за врвот на Западната конференција во НБА, а синоќа дојдоа до нови победи.

 

Шампионите немаа проблеми против Индијана и победија со 112:89, по силна втора и трета четвртина, освоени со вкупно 69:43.

 

ДеМаркус Казнс забележа 19 поени, Клеј Томпсон се истакна со 18, додека Кевин Дурант постигна 15 поени во триумфот на „воините".

 

Во исто време, Денвер имаше повеќе проблеми, но победи при посетата на Вашингтон со 113:108. Осум играчи на Нагетс завршија со двоцифрен број на поени, откако Никола Јокиќ запиша 15 поени и 11 асистенции, за петтата последователна победа, извојувана во последната четвртина.

 

Голден Стејт сеуште е лидер со 49-22, но Денвер е блиску со 48-22, а до крајот на сезоната има уште еден директен натпревар помеѓу двата тима, кој ќе биде во Оукленд.

 

Инаку поразот на Јута во Атланта со 114:117 ја искомплицира ситуацијата во конференцијата откако Џез, Оклахома Сити, Сан Антонио и Л.А.

 

Клиперс се со биланс 42-30 и водат битка од петтата до осмата позиција. Хјустон и Портланд се трети и четврти со 45-27 и 44-27, соодветно.

 

Останатите резултати:

Шарлот – Минесота 113:106

Феникс – Детроит 98:118

Сакраменто – Далас 116:100.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.