МЗТ брка победа против Спарс за пласман во финалето на АБА-2

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром денеска од 17 часот во СЦ „Јане Сандански" го игра вториот меч од полуфиналната плејоф серија во АБА-2 против босански Спарс, а со победа ќе се пласира во финалето на регионалното кошаркарско натпреварување.

 

Во првиот натпревар во четвртокот, кој се одигра во Сараево, македонскиот тим победи со 70-71, со кош во последната секунда на Лестер Медфорд, иако во еден момент „металците" губеа и со 17 разлика.

 

Во пресрет на денешниот дуел, тимот на Ѓорѓи Кочов имаше добра проверка во петокот, откако го совлада Куманово со 76-72 во домашното првенство.

 

Во исто време, Спарс имаше само неколку дена да се опорави од шокантниот пораз на домашен терен и да се подготви за најголемиот тест во оваа сезона. Ако босанскиот тим успее да победи вечерва, третиот натпревар ќе се игра повторно во Сараево.

 

Во вториот полуфинален дуел се среќаваат Приморска и Борац Чачак, откако првиот меч го доби словенскиот тим со 78-59. Натпреварот број 2 се игра во истиот термин во Србија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.