Џерард: Ќе бидам најсреќна личност, ако Ливерпул ја освои титулата

Стивен Џерард по добротворниот судир на Ливерпул и Милан и синоќа изјави дека секогаш е специјално кога игра на „Енфилд", особено кога е полн.

 

Да се ​​игра против Милан со моите поранешни соиграчи и да го постигнам победничкиот гол е посебно чувство. Благодарам на сите кои дојдоа и не поддржаа нас. Момчињата одделија од своето слободно време за убава кауза и за да ги израдуваат приврзаниците, па браво и за нив, рече Џерард по мечот.

 

Запрашан за можноста Ливерпул да го стигне Манчестер Сити и да ја грабне титулата, легендата на Ливерпул одговори: „Тоа е дефинитивно во мојот ум. Но, јас се концентрирам на Ренџерс. Јас ќе фрлам едно око на „Енфилд", исто така. Ќе бидам најсреќен човек во светот ако ја освојат титулата".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.