Дончиќ и Новицки го предводеа Далас до убедлива победа над шампионот

Тежок пораз од 91:126 доживеа шампионот на НБА, Голден Стејт во својата сала во Оукленд од Далас. Лука Дончиќ и Дирк Новицки одиграа брилијантен меч и ги поведоа „телињата" до неочекувана победа. Дури и изненадувањето на победата на Далас не е толку изненадување за начинот на кој дојде до тоа.

 

„Воините" одиграа очаен натпревар, од самиот почеток беа во минус и губеа многу рано со 22:7, по што почна слободниот пад, а Далас запиша висока победа. На полувреме, Далас имаше огромна предност од 74:46. До крајот на мечот, гостите мирно си ја одработија задачата.

 

Најдобар кај Далас беше Дончиќ со „трипл-дабл" учинок – 23 поени, 11 скокови и 10 асистенции, и Новицки со 21 поен (5/8 од тројка) и пет скокови.

 

Кај Голден Стејт, Кевин Дурант постигна 25 поени со 5 скокови, а ДеМаркус Казнс остави зад своето име 19 поени и 6 скокови.

 

Резултати од НБА:

Шарлот – Бостон 124: 117
Вашингтон – Мајами 108: 113
Атланта – Филаделфија 129: 127
Чикаго – Јута 83: 114
Мемфис – Минесота 99: 112
Голден Стејт – Далас 91: 126
Портланд – Детроит 117: 112
Сакраменто – Феникс 112: 103





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.