Хјустон обезбеди место во плеј-офот (видео)

Кошаркарите на Хјустон рокетс забележаа победа на гостувањето кај Њу Орлеанс во првиот од четирите НБА натпревари одиграни ноќта меѓу недела и понеделник.

 

Со овој триумф Хјустон и теоретски го потврди пласманот во разигрувањето за титулата.

 

Постигнати резултати:

Њу Орлеанс – Хјустон 90:113

Бостон – Сан Антонио 96:115

Голден Стејт – Детроит 121:114

Лос Анџелес лејкерс – Сакраменто 111:106.

 

Покрај Хјустон, место во плеј-офот од Западната конференција имаат обезбедено Голден Стејт и Денвер, додека од Истокот, сигурни учесници во разигрувањето се Милвоки, Торонто, Филаделфија и Индијана.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.