Работнички по две продолженија до ново куп-финале

Кошаркарите наРаботнички че имаат можност по десетти пат на клубот од „Градски парк" да му го донесат трофејот од националниот куп. Тие вечерва по две продолженија го совладаа вечнито ривал МЗТ Скопје Аеродром со 93:89.

 

Работнички во најголем дел од натпреварот имаше водство, највисокото изразено со 17 поени разлика (37:20).

 

Во второто продолжение, Марко Симоновски промаши тројка и со тоа д аго одведе натпреварот во трети дополнителни пет минути.

 

Противник на Работнички во финалето од завршниот турнир што се одржува во Гевгелија ќе биде тимот на Блокотехна.

 

Почеток е закажан за утре во 17:25 часот.

 

Претходно од 14:30 во женското финале ќе играат Вардар и Бадел. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.