Македонија против Исланд ќе го заверува пласманот на ЕП 2020

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва од 20 часот по втор пат излегува против репрезентацијата на Исланд во квалификациите за пласман на ЕП 2020 година.

Македонија триумфираше против Исланд во Рејкјавик со 34:33 во првиот дуел и е на чело на табелата во третата група. Со триумф вечерва, „жолто-црвените" ќе обезбедат ново учество на ЕП.

 

За овој дуел, селекторот Данило Брестовац се реши за промени во составот во однос на тимот кој славеше во првиот меч.

 

На местото на Бојан Маџовски и Томислав Јагуриновски во комбинација за настап вечерва ќе бидат Димитар Димитриоски и Мартин Серафимов.

 

Две промени направи и гостинскиот селектор Гудмундур Гудмундсон. Тие допатуваа во Скопје со нови двајца голмани за разлика од мечот во средата. Во Исланд останаа Арон Едвардсон и Бјоргвин Густафсон, а место во тимот добија Виктор Гисли и Агуст Бјоргвинсон.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.