Барзали става крај на кариерата

Легендата на Јувентус и италијанскиот национален тим, Андреа Барзали објави дека ќе стави крај на фудбалската кариера по крајот на сезоната.

Дефанзивецот ја сподели веста по поразот на „бјанконерите" од СПАЛ со 2:1.

 

– Мислев за иднината доста. Кога си фудбалер, многу е тешко да мислиш што ќе се случи потоа. Решив да се повлечам по крајот на сезоната. Причината се и многуте повреди. Го прифаќам новиот предизвик и веќе знам што треба да правам. Фудбалот се промени многу. Има шампиони, кои никогаш не се предаваат и се родени со одлични квалитети. Други стануваат големи фудбалери со многу труд. Во текот на годините покажав дека сакам да се развивам, изјави 37-годишниот дефанзивец.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.