Гвардиола: Нема да работам до 71 година

 Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, призна дека нема да ја практикува професијата до 71 годишна возраст.

 

 

Шпанецот зборуваше во таа насока поради тренерот на Кристал Палас, Рој Хоџсон.

 

– Не се гледам себеси како тренер на 71 година, верувајте ми, нема шанси. Ќе се пензионирам, сигурен сум, но сакам да уживам уште неколку години. Би сакал да го направам ова, но мислам дека тоа бара посебна енергија. На 71-годишна возраст мислам дека нема да имам таква енергија. Ќе дојдат нови генерации и идеи. Ќе го гледам фудбалот до последниот ден од мојот живот, бидејќи ми се допаѓа", изјави Пеп Гвардиола пред „Скај Спорт".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.