Хамилтон: Двојна победа на Гран при бр.1000 е нешто посебно
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 14 Април 2019
Луис Хамилтон призна дека не очекувал да запише таква лесна победа во Големата награда на Кина.
Петкратниот светски шампион во пракса победи на трката уште на почетокот, кога го претекна клубскиот колега Валтери Ботас на првиот свиок и потоа го контролираше темпото до финалето.
Генерално викендот не почна на најдобар за Британецот, но најважно за него е дека заврши на најдобар можен начин.
– Тоа не беше мојот најубедлив викенд. Не знаевме каде ќе бидеме во однос Ферари, кога стигнавме во Кина. Валтери беше брз изминативе денови, а да освоиме двојна победа во Гран при број 1.000 навистина е нешто посебно. На почетокот го направив најважното, останатото е историја. Фантастичен резултат за тимот, сите работеа многу напорно. Огромна благодарност до навивачите, многу сум среќен, изјави Луис по трката.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс