Јувентус има намера да го продаде Дибала за 100 милиони евра

Фудбалерот од нападот на Јувентус, Пауло Дибала може да го напушти клубот во летниот трансфер прозорец.

 

Според „Тутоспорт" италијанскито шампион има намера да го продаде 25-годишниот Аргентинец за 100 милиони евра.

 

Јувентус сака да се ослободи од Дибала за да го финансира купувањето на други играчи, вклучувајќи го и членот на Ливерпул Мохамед Салах или напаѓачот на Интер, Мауро Икарди.

 

Договорот на Дибала со торинскиот клуб трае до 30 јуни 2022 година.

 

Оваа сезона Дибала одигра 39 натпревари за Јувентус, постигна 10 гола и забележа четири асистенции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.