Несторовски: Се надевам дека против Австрија ќе успееме да постигнеме гол

Напаѓачот на фудбалската репрезентација, Илија Несторовски на пресот пред утрешниот квалификациски дуел на арената „Тодор Проески" во Скопје против Австрија, изрази надеж дека екипата ќе успее да постигне гол, откако тоа небеше случај на дуелот против Полска пред два дена, кога загубивме со 0:1.

 

– Ние подолго време играме добро, против сите репрезентации играме да дадеме гол и да бидеме подобри. Бевме доста добри со Полска, а ако согледаме добро, се работи за еден квалитетен тим. Штета за нас што не одигравме барем нерешено. Ни дадоа гол по еден обичен допир. Имавме полуизгледни шанси. Се надевам дека против Австрија ќе успееме да постигнеме гол, изјави Несторовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.