Ѓоковиќ ја зголеми предноста во однос на Надал на врвот на АТП листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ веќе 255-та седмица се наоѓа на првото место на АТП рејтинг листата.

 

Србинот дури и ја зголеми предноста во однос на Рафаел Надал и покрај тоа што Шпанецот вчера триумфира на Грен слемот „Ролан Гарос".

 

Имено, Надал само ги одбрани поените освоени минатата година, додека Ѓоковиќ со пласманот во финалето освои нови.

 

Пласман на првите 10 тенисер на најновата АТП листа објавена денеска:

1. Новак Ѓоковиќ 12.715 поени

2. Рафаел Надал 7.945

3. Роџер Федерер 6.670

4. Доминик Тим 4.685

5. Александер Зверев 4.360

6. Стефанос Циципас 4.215

7. Кеи Нишикори 4.040

8. Кевин Андерсон 3.565

9. Карен Качанов 2.980

10. Фабио Фоњини 2.785.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.