Надал нема да учествува на турнири на трева до почетокот на Вимблдон

Победникот на „Ролан Гарос" Рафаел Надал нема да игра на турнири со тревната подлога до почетокот на Вимблдон.

 

– Сакам да играм на трева, но јас не можам да настапувам во континуитет подолго време како што тоа го правев пред 8-10 години. Значи, нема да играм сè до Вимблдон, изјави Надал.

 

Во последните две изданија на Гренслемот во Лондон, Надал беше задоволен од своите игри.

 

– Ми се чинеше дека бев блиску до победа. Нијанси фалеа да стигнам до финалето. Чувствувам дека сè уште можам да се натпреварувам, па зошто да променам нешто? – истакна шпанскиот тенисер.

 

Вимблдон 2019 ќе се одржи во периодот 1-14 јули.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.