Азар не сака да го споредуваат со Меси

Новото засилување на Реал Мадрид, Еден Азарија го постави Лионел Меси на врвот на светскиот фудбал. Тој го стори тоа на прес-конференција пред претстојниот квалификациски дуел помеѓу Белгија и Шкотска.

 

На прашањето дали може да се спореди со ѕвездата на Барселона, Азар увери дека „тоа е невозможно".

 

– Точно е дека имаме некои сличности: и двајцата сме ниски, и двајцата сме брзи … Но, тој постигнува голови во сите натпревари, а јас не. Не можам да се споредам со неспоредливиотт, рече Азар.

 

Според него, нема двајца најдобри во историјата.

 

– Има само еден и тој е, Лео Меси, додаде белгискиот фудбалер.

 

Восхитувањето на Азар кон Меси не е ново. На почетокот на годината, во интервју за телевизискиот канал „ХЛН", тој одби да го спореди аргентинскиот фудбалер со Кристијано Роналдо





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.