Лукаку се договорил со Интер

Ромелу Лукаку сега веќе ги договорил личните услови за можен трансфер во Интер, пишува „Газета дело Спорт".

 

Истиот извор додава дека Лукаку набргу ќе може да се приклучи во италијанскиот клуб на Антонио Конте, за кого белгискиот репрезентативец смета дека е најдобар тренер во свет.

 

Трансферот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед во Серија А, односно на Џузепе меаца, како што пишуваат италијанските медиуми уште повеќе ќе го оддалечи Мауро Икард од Интер, откако ѕвездата на клубот од Милан ги залади односите со управата.

 

Инаку, белгискиот репрезентативец стана дел од Јунајтед последните две сезони каде што пристигна од Евертон по барање на Жозе Мурињо.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.