Новата сезона во Премиер лигата со ВАР и нови правила

Следната сезона на најатрактивното национално фудбалско првенство, Премиер лигата, ќе биде историско за Англија бидејќи се воведуваат големи промени во правилата на игра.

 

Според новото правило за игра со рака, доколку играчот намерно ја допре топката со рака неговата екипа ќе биде казнета, но ќе се досуди и фаул против екипата која преку намерно играње со рака ќе создаде прилика или постигне гол. Исто така, доколку играчот ги дигне рацете над висината на рамињата ќе биде санкционирано, како и во случај кога преку ширење на рацете „го прават телото поголемо". Прекршок нема да има доколку топката удри на дланката од непосредна близина, доколку раката прилепена за телото или доколку се држи за неа додека паѓа.

 

Што се однесува до измените, со новите правила, тие треба да се извршат во местото кое им е најблиска од аут-линија од каде ќе излегуваат од теренот, а не од центарот. На тој начин се скратува далечината која играчите треба да ја поминат за да го напуштат теренот, а со тоа и се спречува задржување на времето при измените.

 

Новото правило за изведувањето на пеналите гласи: топката е во игра од моментот кога е шутирана. Противничките фудбалери можат да останата во казнениот простор и да ја пресретнат топката.

 

Што се однесува до жолтите и црвените картони, доколку противничката екипа има добро прилика за постигнување гол, иако судијата се уште не го покажал жолтиот или црвениот картон, играта може да продолжи до завршувањето на акцијата, а потоа може да се покаже картонот.

 

Кога се работи за спорна топка, новото правило вели дека играчот кој последен играл со топката, ќе ја поседува истата, со цел да се избегнат груби соочувања кога топката е спорна.

 

Што се однесува до ВАР-от, со новите правила тој ќе ги решава дилемите во однос на головите, пеналите и црвените картони. Секој судија ќе има свој видео-асистент во собите во Стоуклеј парк, седиштето на судиите на Премиер лигата, кои ќе ги советуваат главните судиите, кои ќе можат да ги прегледаат сомнителните ситуации на екраните на теренот. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.