Конте го сака Ребиќ во Интер

Новиот тренер на Интер, Антони Конте многу го цени хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ и и дал зелено светло на управата на клубот да го донесе на Џузепе Меаца.

 

Како што јавуваат италијанските медиуми, Интер е во потрага по засилувањата со кои Конте го услови италијанскиот клуб кога прифати да биде на кормилото на „неразурите", а освен Ребиќ се наведуваат и Лазаро, Николо Барела и Един Џеко.

 

За клубот од Милано, Ребиќ би бил второто најскапо засилување со обесштетување од најмалку 40 милиони евра за германскиот Ајнтрахт, каде што моментално игра хрватскиот фудбалер.

 

Инаку, за Ребиќ Италија е добро позната бидејќи одредено време играше во Фиорентина, а во Интер би дошол од Франкфурт, каде што минатата сезона за екипата на Ајнтрахт постигна 10 голови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.