Атлетико подготвен да го сруши клупскиот рекорд за трансфер на Феликс

Фудбалерот од средниот ред на Бенфика, Жоао Феликс, може да ја продолжи кариерата во Атлетико, а за негов ангажман „јорганџиите" се подготвени да ја плати најголемата сума во клупската историја.

 

Атлетико е подготвен да издвои 120 милиони евра за трансфер на 19-годишниот Португалец. Во моментов, најскапиот трансфер во Атлетико е на Томас Лемар за кого се платени 70 милиони евра.

 

Се тврди дека парите за Феликс ќе бидат распределени од продажбата на напаѓачот Антоан Гризман.

 

Во сезоната 2018/19, Жоао Феликс настапи на 43 натпревари во сите натпреварувања, постигна 20 гола и оствари 11 асистенции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.