Левандовски го навести трансферот на Сане во Баерн

Веќе неколку недели се шпекулира дека германскиот репрезентативец Лерој Сане е многу блиску до враќање во татковината, каде ќе го облече дресот на Баерн Минхен.

 

Баварците не ја кријат желбата да го имаат во своите редови, но се чини дека се зависи од тоа што сака играчот на Манчестер Сити.

 

Трансферот, сепак, е веќе сигурен. Или барем така смета Роберт Левандовски, кој ненамерно се издаде и ги воодушеви сите со зборовите.
Во моментов Полјакот е на маркетинг турнеја во Кина, каде што го изјави следново во интервју: „Германските играчи на Баерн се радуваат многу на привлекувањето на Сане" – реченица која зборува за склучена трансакција.

 

Малку потоа Лева сепак додаде: „Треба да почекаме и да видиме што ќе се случи".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.