Срна стави крај на фудбалската кариера

Поранешниот фудбалер на Каљари, Дарио Срна одлучи да стави крај на својата кариера и да прифати тренерска улога во клубот на своето срце – Шахтјор Доњецк.

 

Во средата, Срна објави дека го напушта Каљари по само една сезона во Сардинија. Имаше гласини дека тој може да игра во Парма, но наместо тоа, 37-годишниот дефанзивец одлучи да преземе по друг пат.

 

Кратко потоа, Шахтјор објави дека Хрватот се враќа во клубот како дел од тренерскиот тим на новиот тренер Луис Кастро.

 

Срна е една од најголемите легенди на Шахтјор, откако помеѓу 2003 и 2018 година има одиграно повеќе од 500 натпревари за тимот. Тој исто така има 134 натпревари за репрезентацијата на Хрватска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.