Јунајтед и Јувентус се договорија за размената на нивните играчи

Манчестер Јунајтед и Јувентус склучија договор за размена на Пауло Дибала и Ромелу Лукаку, пренесува „Скај“ во Италија.

 

Договорот зависи од условите кои ѓи бара Дибала за преселба во Манчестер.

 

Дибала на трансфер маркетот вреди 100 милиони евра (91,8 милиони фунти) и сака да остане во Торино, но конечната одлука ќе ја донесе откако ќе се врати од летниот одмор и ќе разговара со Сари.

 

Доколку Дибала не може да ги договори условите за преселба на „Олд Трафорд“, напаѓачот на Лион, Муса Дембеле е исто така на потесниот список на Јунајтед за да го замени Лукаку.

 

Добро е познато дека Јувентус е пред Интер во трката да го потпише Лукаку, разбира Sky Sports News.

 

Директорот на Интер, Џузепе Марота инсистира на тоа дека клубот од Серија А „сè уште работи“ на договор за потпишување на Лукаку.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.