Жуниор Фирпо е нов играч на Барселона

 Младиот шпански репрезентативец доаѓа од Реал Бетис во трансфер вреден 30 милиони евра.

 

18 милиони евра ќе бидат исплатени однапред фиксно, додека другите додатни 12 преку разни бонуси. Договорот е потпишан на пет години, а откупната клаузула е поставена на 200 милиони евра.

 

22- годишниот по потекло од Доминиканската Република игра на позицијата лев бек, минатата сезона за Бетис настапи на 29 натпревари, постигна 3 гола и асистираше во 5 наврати.

 

View image on Twitter

 

Ова е четвртото засилување за Барселона ова лето, откако претходно пристигнаа Де Јонг, Гризман и голманот Нето.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.