ОФИЦИЈАЛНО: Руни со нов трансфер се враќа во Англија

Дерби Каунти го потврди трансферот на Вејн Руни од Ди Си Јунајтед на осумнаесет месечен договор кој ќе започне од јануари наредната година.

 

Руни во новиот клуб ќе има функција на играч-тренер и тоа ќе му го овозможи почетокот на неговата тренерска кариера.

 

Поранешниот соиграч на Руни и репрезентативец на Англија, Френк Лампард, минатата година му беше укажана можност да ја започне тренерската кариера со Дерби и Руни изјави дека ја ужива можноста да ги преземе првите чекори во својата тренерска кариера во Чемпионшипскиот клуб: „Јас сум многу возбуден од можноста што Дерби ми ја обезбеди. Со нетрпение очекувам да им се придружам на Филип Коку, неговиот тренерски штаб и составот на првиот тим од почетокот на јануари. Сигурен сум дека можам да дадам голем придонес и не можам да дочекам да ги сретнам сите, особено поддржувачите.”

 

Резултат со слика за rooney derby county

 

Руни е најдобариот стрелец на сите времиња на Англија со 53 голови на 120 настапи, како и рекордер на Манчестер Јунајтед со 253 голови на 559 настапи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.