Родригез нема да го напушти Реал
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 16 Август 2019
Колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез следната сезона ќе настапува за Реал Мадрид.
И покрај интересот за добивање на неговите услуги од страна на Наполи и Атлетико, сепак, како што пишуваат шпанските медиуми, фудбалерот од средниот ред најверојатно останува на „Сантијаго“.
Во пресрет на новата сезона во Примера, тренерот на Реал, Зинедин Зидан изјави дека ќе смета на Родригез.
-Тој е наш играч. Ќе добие шанса и верувам дека ќе бид еод корист за тимот, изјави Зидан.
Во првото коло од новата сезона, Реал Мадрид утре ќе и гостува на Селта Виго.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс