СЕХА лига: Вардар почнува против Пекинг, Еурофарм го пречекува Спартак Москва

Денеска стана познат распоредот за новата сезона во СЕХА лигата која започнува на почетокот од септември.

 

Бранителот на трофејот и европски шампион, Вардар ќе стартува против новиот тим во ова натпреварување, екипата на Универзитет Пекинг од Кина. „Црвено-црните“ почнуваат дома на 3. септември во дуел од „А“ групата.

 

Вториот наш претставник во натпреварувањето, Еурофарм Работник следниот ден игра со Спартак Москва во Битола.

 

По завршувањето на групната фаза, првопласираните екипи обезбедуваат директен пласман во четвртфинлето. Другите екипи од групите ќе разигруваат во плеј-офот.

 

Потоа се играат четвртфиналните натпревари, а предноста мечот на домашен терен да биде во реваншот, го имаат екипите што директно се пласирале во четвртфинале.

 

Распоред први 5 кола од СЕХА:

1. коло
Вардар – Пекинг (3 септември)
Еурофарм – Спартак (4 септември)

2. коло
Мотор – Вардар (7 септември)
Еурофарм – Металопластика (22 септември)

3. коло
Вардар – Нексе (24 септември)
Мешков – Еурофарм (8 октомври)

4. коло
Татран – Вардар (1 октомври)
Еурофарм – Веспрем (2 октомври)

5. коло
Вардар – Војводина (5 ноември)
Еурофарм – Загреб (5 октомври)

Комплетниот распоред за новата сезона на следниов линк!





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.