Проблеми за Барса: Потврдена повредата на Суарез

Медицинскиот штаб на шпанскиот гигант Барселона ја потврди повредата на напаѓачот Луис Суарез во десната нога.

 

Уругваецот ја напушти играта во 37-та минута при синоќешниот пораз од 0-1 од Атлетик (Билбао) и засега нема точен рок за негово враќање, иако не се очекува да игра околу еден месец.

 

Повредата доаѓа во време кога е повредена уште една голема sвезда на тимот, Лионел Меси, како и кога Барса се раздели со друг напаѓач -Филипе Кутињо.

 

Во нападот остануваат само Усман Дембеле и Антоан Гризман, со помош на младиот Карлос Перез.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.