Обамејанг повторно му донесе победа на Арсенал, Себаљос со две асистенции

Арсенал оствари втора последователна победа во Премиер лигата, откако попладнево го совлада Барнли со 2:1 на „Емирати“.

 

Повторно победничкиот гол за домаќините го забележа Пјер-Емерик Обамејанг (64′), кој реализираше и пред една недела против Њукасл.

 

Инаку, Александар Лаказет (13′) отвори за домашната екипа, а Ешли Барнс (43′) израмни до паузата.

 

Резултат со слика за arsenal vs burnley

 

Многу силен натпревар одигра ангажираниот од Реал Мадрид Дани Себаљос, кој асистираше и за двата гола на Арсенал.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.