Милан го бара Јовиќ од Реал

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ веќе ова лето може да го промени тимот. Според „Газета дело спорт“ италијанскиот клуб Милан тврди дека е 21-годишниот Србин ќе дојде на позајмица во Милано.

 

Со ангажманот на Јовиќ, „росо-нерите“ би добиле повеќе опции во нападот, а фудбалерот повеќе минутажа за разлика од таа што ја добива во Мадрид.

 

Претходно, шпанските медиуми објавија дека за време на претсезонскитде подготовки Јовиќ не го убедил тренерот на Реал, Зинедин Зидан, и тој не смета на него.

 

За потсетување, Јовиќ беше купен од Франкфурт Ајнтрахт во јуни за 60 милиони евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.