Познато колку ќе заработува Алексис Санчез во Интер

Италијански Интер се договори со чилеанската sвезда Алексис Санчез за нето плата од 4,5 милиони евра, според новинарот Николо Шира.

 

Сумата може да достигне до 6,5 милиони евра со разни бонуси, пишува Шира на Твитер. Актуелниот клуб на Санчез – Манчестер Јунајтед ќе го плаќа остатокот од платата на Јужноамериканецот

 

Се очекува Санчез да премине на „Меаца“ на изнајмување, а „нероазурите“ ќе можат трајно да го привлечат за 15 милиони евра, изјави Шира.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.