Поради лошите резултати, Компани нема да биде тренер на Андерлехт

Винсент Компани нема да игра улога на тренер во Андерлехт, но ќе продолжи да се концентрира на својата работа на теренот, пишува белгиски „ХЛН“.

 

Лидерот на тимот има 2 реми и 2 порази во првите четири кола од новата сезона. Во последното коло, Андерлехт загуби на гостувањето кај Кортријк со 2:4 и со тоа го запиша најслабиот старт на сезоната во последнава 21 година.

 

Тимот привлече играчи како Самир Насри, Насер Шадли и Кемар Руф, но досега тоа не даде резултат на теренот.

 

Затоа Компани реши да се концентрира само на тоа да се претстави добро како играч и капитен на тимот. Негов наследник на функцијата е Сајмон Дејвис, кој е во штабот на дефанзивецот, а претходно беше шеф на академијата на Манчестер Сити.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.