Сасуоло сака да го врати Џовинко во Италија

Играчот од средниот ред на Ал-Хилал, Себастијан Џовинко може да се врати во Италија. Според „Скај Италија“, Сасуоло покажува интерес за 32-годишниот фудбалер, но преговорите може да бидат комплицирани поради висината на неговата плата.

 

Фудбалерот во Саудиска Арабија заработува околу 10 милиони евра годишно.

 

Џовико му се приклучи на Ал-Хилал во јануари оваа година од Торонто. За неговиот нов клуб, тој одигра 19 натпревари и постигна пет гола.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.