Вардар го доби градското дерби со Работнички

Фудбалерите на Вардар ја постигнаа првата победа во новата сезона од Првата лига, откако попладнево го совладаа Работнички со 2:0.

 

Двата гола „црвено-црните“ ги постигнаа во второто полувреме преку Колевски и Аврамовски.

 

Во пресрет на другите средби од третата рунда во ПМФЛ Вардар има 4 бода, додека Работнички кој го претрпе вториот пораз остана на 3 бода.

 

Утре играат:
Академија Пандев – Борец
Шкендија – Македонија ЃП
Шкупи – Ренова
Струга – Силекс.

 

По двете кола само Ренова е со максимални 6 бода.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.