Леклер: Нема потреба да се бараат изговори за грешките

Пилотот на Ферари, Шарл Леклер смета дека не треба да се бара оправдување за грешките во текот на сезоната. Според него, треба да се работи на подобрување на резултатите во иднина.

 

Знам дека некои луѓе понекогаш се обидуваат да најдат изговори за своите грешки. Јас не сум таков. Подобро е да се фокусираме на работата, отколку да се обидуавме да бараме изговори. Треба да се анализираат грешките да се биде искрен кон себе. Не се срамам да зборувам за моите грешки. Тие се очигледни и нема смисла да се бара изговор, изјави Леклер.

 

Тој додава дека ќе извлече поука од минатите трки и ќе се обиде да се поправи до крајот на сезоната.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.