Марадона раскажа како го научил Меси да изведува казнени удари

Легендата на аргентинскиот и светскиот фудбал Диего Марадона кажа како го научил напаѓачот на Барселона, Лионел Меси да ги изведува слободните удари.

 

– Меси е најдобриот што сум го тренирал. Никој не може да ме разубеди во тоа. Тој е вистински феномен. Но, имаше проблем со слободни удари. Затоа, после тренингот, останувавме да го вежба тој елемент на фудбалската игра. Ме праша како успеав да постигнам голови во вакви ситуации. Му реков да ја удри топката во средината, а тој ми одговори: „Јас ја удирам во средина, а таа лета на разни страни“. Не грижи се, сè ќе функционира, му одговорив. Сега тој е многу подобар при казнените удари, изјави Марадона.

 

Меси во моментов е најдобар аргентински фудбалер, но за разлика од Марадона, со „репрезентацијата нема трофеј на Мундијалите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.