Ливерпул ја активираше опцијата за продолжување на договорот на Матип

Ливерпул го продолжи договорот со дефанзивецот Жоел Матип, објави „Дејли Мејл“. „Црвените“ ја искористија опцијата за продолжување на соработката за уште една сезона, запишана во договорот на 28-годишниот централен дефанзивец.

 

Сега неговиот престој во клубот е загарантирано до летото 2021 година. Матип се пресели во Ливерпул во 2016 година, откако му истече договорот со Шалке 04. Со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите и го освои Суперкупот на УЕФА.

 

Минатата сезона, кога Џо Гомез и Дејан Ловрен се повредија, Матип одлично функционираше како партнер на Вирџил ван Дијк во центарот на одбраната.

 

Од почетокот на новата сезона, тој играше во три натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол.

 

Клубот од „Мерсисајд“ се очекува наскоро да ги продолжи договорите и на Џејмс Милнер и Жоржињо Вајналдум.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.