Реал Мадрид предложи одржување на натпревар помеѓу Федерер и Надал на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид подготвува план за натпревар помеѓу легендарните тенисери Швајцарецот Роџер Федерер и Шпанецот Рафаел Надал на „Сантијаго Бернабеу“, пренесува „АБЦ“. Претседателот на Реал, Флорентино Перез, кажа за желбата на Надал да игра меч на кој можат да присуствуваат 80 илјади гледачи.

 

Рекорд по посетеност на тенеиски натпревар е 35.681 гледач на мечот меѓу Ким Клијстерс и Серена Вилијамс.

 

Во февруари следната година, се очекува тој да биде надминат со средбата помеѓу Надал и Федерер, во Африка пред 50 илјади гледачи.

 

Веројатно е дека натпреварот на стадионот на Реал Мадрид ќе се случи дури откако 38-годишниот Федерер ќе ја заврши кариерата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.