Ѓоковиќ не знае кога ќе може да се врати на теренот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ истакна дека сè уште не знае кога ќе се врати на натпреварите. Поради повреда на рамото, Србинот се повлече од УС Опен и продолжува да се опоравува.

 

Првиот светски рекет се надева дека ќе може да се врати на теренот на крајот на овој месец.

 

– Повредата беше посериозна отколку што мислев. Се надевам дека можам да закрепнам брзо. Би било идеално да се дојде до турнирот во Токио на 30 септември. Но, ми треба барем уште една недела за да увидам како се одвива закрепнувањето, изјави Ѓоковиќ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.