Алба на дополнителни тестирања за да се утврди тежината на повредата

Фудбалерот на Барселона, Жорди Алба, синоќа се повреди на дуелот со Борусија и предвреме го заврши мечот во Дортмунд од 1.коло во Лигата на шампионите.

 

Дефанзивецот на Каталонците во 40. минута од средбата го напушти теренот, наместо него во игра влезе Серхи Роберто.

 

Според прес-службата на Барселона, Алба добил удар во бутниот мускул на левата нога и ќе треба да се извршат дополнителни медицински тестови во текот на денот за да се утврди точната тежина на повредата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.