Жиру може да го напушти Челзи во јануари

Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру може да ја смени клупската средина веќе во јануари, пренесува „Калчомеркато“.

 

Италијанскиот прволигаш Интер е заинтересиран за услугите на Французинот.

 

Претходно, клубот од Милано потпиша договори со Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, но селекторот Антонио Конте сака да го засили нападот за да ги зголеми опциите при изборот на составот за натпревари од Серија А, Лигата на шампиони и Купот на Италија.

 

Договорот на Жиру со Челси истекува во јуни 2020 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.